Повеќе од 20 милиони луѓе во светот ја примиле руската вакцина против коронавирусот „спутник В“, објави рускиот Фонд за директни инвестиции (РДИФ).

„Спутник В“ е одобрена во повеќе од 60 земји, кои заедно имаат 3,2 милијарди жители, според РДИФ, кој ја продава вакцината.

Рускиот претседател, Владимир Путин, рече дека предлогот фармацевтските компании да се откажат од правата на патенти за вакцини против Ковид-19 е идеја што вреди да се разгледа и дека тој е отворен за тоа, пренесе „Интерфакс“.

– Пандемијата е вонредна состојба – рече тој.

Русија сега има четири вакцини против Ковид-19, а досега произведе 31,9 милион дози.

9,4 милиони Руси или 6,4 проценти од населението се целосно вакцинирани, а 9 проценти ја примиле првата доза.