Според веб-страницата „Ворлдометер“, повеќе од 118 милиони луѓе се заразени во светот.

Само вчера, бројот на случаи во светот се зголеми за нешто повеќе од 254.000, а најмногу заразени се регистрирани во САД, 27.268. Според бројот на нови случаи, следи Франција со 23.302 случаи, Италија со скоро 20.000, Индија со 16.846, Турција со 13.755…

Најмногу заразени во светот има во САД, речиси 30 милиони, по што следат Индија и Бразил со повеќе од 11 милиони заразени со Ковид-19.

Русија е рангирана на четвртото место во светот и прва во Европа со 4,3 милиони заразени, по што следува Велика Британија со 4,2 милиони луѓе, потоа Франција со 3,9 милиони, Шпанија и Италија со повеќе од 3,1 милион жители.