Во Велика Британија повеќе од 11 милиони луѓе примиле една доза од вакцината против коронавирус, а двете дози ги примиле над 510.000, објави „Би-би-си“.

Доколку владата сака да ја постигне својата цел до средината на февруари да вакцинира 15 милиони луѓе, кои спаѓаат во најранливите категории, тогаш дневно треба да вакцинира по околу 380.000 луѓе, пишува „Би-би-си“.

Од почетокот на епидемијата од коронавирус во Велика Британија заболеле скоро четири милиони луѓе, а повеќе од 112.000 луѓе починале, покажуваат владините податоци.

Сепак, овие бројки вклучуваат само луѓе кои починале во рок од 28 дена по позитивниот тест за коронавирус.