Повеќе од половина милион луѓе ја примија првата доза од вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ во Велика Британија, изјави денеска премиерот Борис Џонсон.

На прес-конференција на денот кога повеќе од 40 земји ги прекинаа сообраќајните врски со Велика Британија поради појавата на новиот вид на коронавирус во таа земја, Џонсон рече дека ја разбира нервозата во другите земји.

Тој им порача на тие земји дека британската влада постапила веднаш штом била информирана за појавата на новиот мутиран вид на вирусот, пренесува Би-Би-Си.

Џонсон, исто така, рече дека училиштата може да бидат повторно отворени во јануари, но дека тоа ќе зависи од ширењето на пандемијата.