Лабораторијата П4 во Институтот за вирологија во Вухан. „П4“ означува дека е тие имаат дозвола да работат со опасните патогени од класа 4

Не постојат тековни докази кои укажуваат на тоа дека коронавирусот е излезен од кинеска лабораторија за истражување. Овие податоци се спротиставуваат на неодамнешните тврдења на Белата куќа дека има доказ за потеклото на ковид-19 пандемијата, пренесува „Гардијан“. 

Изворите инсистираат на тоа дека „досието од 15 страници“, објавено од австралиски „Дејли телеграф“, во кое се обвинува Кина за прикривање на смртоносниот вирус, не е извлечено од разузнавачката мрежа „Петте очи“, односно разузнавачкиот сојуз меѓу Велика Британија, САД, Австралија, Нов Зеланд и Канада. 

Британската, како и другите агенции кои ги сочинуваат „Петте очи“ веруваат дека Пекинг не беше целосно отворен и искрен за тоа како ковид-19 првично се прошири од Вухан, но тие сакаат да одбегнат понатамошно вмешување и ескалација на меѓународната ситуација. 

Американскиот секретар Мајк Помпео тврдеше дека САД имаат значителни податоци дека вирусот потекнува од лабораторија во Вухан, но тој не понуди никакви докази за да го поддржи своето тврдење. Шпекулациите почнаа да кружат за тоа како Институтот за вирологија на Вухан долго време се специјализирал за проучување на коронавирусот кај лилјаците. Друга теорија е дека работниците во лабораторијата не носеле заштитна опрема, па ненамерно се заразиле од вирусот преку нив.

Изворите се согласуваат дека досега нема податоци кои би потврдиле дека вирусот е намерно создаден и пуштен од лабораторијата. Американските научници посочуваат дека безбедносните стандарди на лабораторијата на Вухан се исти како западните, а генерална согласност е дека вирусот најверојатно се пренел врз луѓето на некој од пазарите за животни. 

Австралискиот „Дејли телеграф“ неколку дена се фокусираше на лабораторијата во Вухан, вклучувајќи го и извештајот од 15 страници кој го објави викендов. Сепак, материјалот и информациите изгледа дека потекнуваат главно од САД и имаат за цел само да ја обвинат Кина.

– Изгледа дека се работи за алатка за градење на контранаратив и креирање на притисок врз Кина. Најважен е мотивот позади овој наратив – открива извор од австралиското разузнавање, кој додаде дека тие верувале оти се работи за јавен материјал заснован на јавен домен, од загрижените западни земји за пандемијата на ковид-19. 

Британските извори исто така открија дека тие не го признаваат досието врз основа на класифицираните информации дадени од разузнавачите агенции на земјата. Според изјави на портпарол од кабинетот на премиерот на Велика Британија, прашањето за потеклото на вирусот треба да се одговори „со цел сите да бидеме подобро подготвени за идните пандемии“. 

– Доколку кинеската влада би била помалку таинствена и авторитарна, тие ќе соработуваа повеќе и така потенцијално ќе ги угаснат сите гласини сите обвинувања за потеклото на коронавирусот – тврди Нил О’Брајан, пратеник и секретар на групата за истражување на Кина. 

Вработените во лабораторијата во Вухан се потресени за обвинувањата со кои се соочуваат. Тие тврдат дека генетската секвенца за Сарс-КоВ-2 не одговара на секвенците кои лабораторијата претходно ги студирала. 

– Оние кои ги поддржуваат ваквите гласини никому не прават добра услуга. Треба да работиме заедно и сложно за да го спречиме појавувањето на следната голема пандемија – изјави Чарлс Партон, поранешен службеник за надворешни работи на Велика Британија и висок соработник на Институтот за Кралски обединети услуги.