Рускиот претседател Владимир Путин не чувствува никакви несакани ефекти откако е вакциниран со првата доза вакцина против ковид-19, изјави пред новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Претседателот нема несакани ефекти, тој се чувствува добро и добро ја поднесе вакцината – рече Песков, пренесе ТАСС.

Путин беше вакциниран пред два дена, но не е објавено која од трите одобрени руски вакцини ја примил.

Кремљ претходно соопшти дека сите три руски вакцини против ковид-19 се безбедни и ефикасни.