Бројот на инфекции од коронавирус во Перу неделава се зголемува со голема брзина, при што во земјата се потврдени 20.000 случаи, објави „Ројтерс“.

Милиони граѓани на Перу ги загубија своите работни места, а болниците се борат со лоши услови за работа и сè поголем број на пациенти.

Мртовечниците се полни, тела на починати се чуваат по ходниците на болниците, има недостиг на заштитна опрема и протести од незадоволните и вознемирени медицински работници кои бараат подобри услови за работа.

Владата на Перу, вториот светски производител на бакар, најави масовна економска помош за рударскиот сектор и за граѓаните во висина од 90 милијарди соли (околу 26,4 милијарди американски долари).