Вработените во сите домови за стари лица во државата Њујорк ќе треба да се тестираат за коронавирус двапати неделно, објавија властите.

Во најтешко погодената американска држава Њујорк, досега 5.380 лица починаа во старечките домови, или околу 20 проценти од вкупниот број на смртни случаи во таа држава, според „Њујорк Тајмс“.

Жителите на старечките домови нема да смеат да бидат пуштени од болница во домот сè додека тестот на пациентот не е негативен на коронавирус.

Домовите што нема да се придржуваат до правилата ќе ја загубат лиценцата.