Објавува „Форбс“

Списанието „Форбс“ најде 50 нови милијардери во здравствениот сектор оваа година. Најзначајните нови лица се научниците кои стојат зад двете најуспешни вакцини против коронавирус – едната развиена од „Фајзер“ и „Баионтек“ и другата откриена од „Модерна“.

Угур Шахин, извршен директор на „Бионтек“, кој ја основаше компанијата со неговата сопруга Озлем Туречи, сега вреди 4,2 милијарди долари. Стефан Банцел, директор на „Модерна“, има 4,1 милијарда долари. Вртоглавиот подем на „Модерна“ создаде уште двајца милијардери од нејзините први инвеститори, имунологот од Харвард, Тимоти Спрингер и научникот од МИТ, Роберт Лангер.

Но, заработката не беше само на вакцините. Компаниите кои биле вклучени во развојот на лекови кои помагаат да се потиснат симптомите на ковид-19, исто така профитирале на пазарот. Карл Хансен, извршен директор на канадската компанија за биотехнологија АбЦеллера, сега вреди 2,9 милијарди долари откако неговата компанија излезе во јавноста на 11 декември со лекување со антитела кое го разви со фармацевтскиот гигант „Ели Лили“, а за кое доби одобрение од американската Агенција за храна и лекови.

Се збогатија и компаниите кои работеа зад сцената, односно им помагаа на поголемите компании да тестираат нови лекови. Значи, Август Троендл, основач и извршен директор на фирмата за истражување на договори со седиште во Синсинати, „Медпејс“, сега вреди 1,3 милијарди долари.

Новите милијардери потекнуваат од 11 различни земји, но повеќето живеат во Кина, раниот епицентар на ковид-19. Меѓу нив, најистакнат е Ху Кун, претседател на производителот на медицински помагала „Контек медикал системс“. Заработката на „Контек“ се зголеми за скоро 150 отсто поради силната продажба во странство на производи како што се пулсни оксиметри или апарати кои ја анализираат состојбата на белите дробови.