Одлуката на шведските власти не воведат карантин како оној во повеќето европски земји, првично наиде на поддршка од граѓаните, но во последните недели се забележува зголемена критика за високата стапка на смртност поврзана со коронавирусот во споредба со другите нордиски соседи.

Така, високиот или релативно високиот процент на граѓани кои веруваат во можноста на владата да се справи со пандемијата, месецов паднал на 45 отсто, во споредба со 63 отсто во април, покажува истражување на агенцијата „Новус“ спроведено за јавниот тв-канал СВТ.

Паднала и поддршката за Шведската агенција за јавно здравје, која ја водеше кампања за воспоставување мерки за физичко растојание и хигиена, од 73 на 65 отсто.

Во посебна анкета на „Демоскоп“ за дневниот весник „Афтонбладет“, бројот на оние со голема или релативно голема доверба во владините активности поврзани со пандемијата на коронавирус паднала од 65% на 55 проценти.

– Имајќи предвид дека шведските бројки за смртност се разликуваат во споредба со меѓународните податоци, впечатливо е што нивото на доверба е повторно прилично високо – коментира аналитичарот на „Демоскоп“, Питер Сантесон.

Додека голем дел од Европа воведе карантин во борбата против пандемијата, Шведска се потпре на поблаги мерки, засновани на одговорноста на граѓаните, со цел да се забави ширењето на епидемијата, но и да се спречи голема штета за економијата.

Шведска има најголема стапка на смртност во светот. Повеќе од 4.500 луѓе починале, а над 40.500 се заразиле.

Данска, Финска и Норвешка заедно имаат околу 1.100 смртни случаи.