Затворен паркинг во Барселона е претворен во огромен, импровизиран додаток на мртовечницата во време кога градот се бори да се справи со бројот на починати од новиот коронавирус ковид-19, пренесува РТ.

Погребалниот дом „Мемора“ ќе биде најголемата теренска мртовечница во Шпанија, со капацитет за речиси 2.000 ковчези.

– Имаме можност да го зголемиме капацитетот тука и во другите големи погребални домови што ги имаме низ градот, така што капацитетот ќе биде многу, многу голем – рече Фернандо Санчез, директорот за комуникации на „Мемора“ во Барселона.

За споредба, две нови мртовечници поставени во Мадрид имаат капацитет само за 900 ковчези. Ковид-19 досега однесе 10.935 животи во земјата, посочува шпанското Министерство за здравство.