Ватикан објави дека тестовите на папата Франциск и неговите најблиски соработници се негативни на коронавирусот.

Во Ватикан, тестирани биле 170 лица, а шест од нив се позитивни.

– Можам да потврдам дека ниту Папата, ниту неговите најблиски соработници не се меѓу позитивните – рече портпаролот Матео Бруни во изјавата од Ватикан.

Папата бил тестиран во средата, откако кај религиозен службеник, кој со години живее во истата резиденција, беше потврдено присуство на вирусот.