Папата Франциск донираше еден милион евра на фондот кој ќе им помага на жителите на Рим кои се погодени од економската криза предизвикана од коронавирусот.

Освен што е поглавар на 1,3 милијарди католици, папата е и римски бискуп и донацијата ја дал во тоа својство.

Во писмо до кардиналот Анџело Де Донатису, кој управува со Римската бискупија во негово име, папата навел дека тие пари треба да им помогнат на луѓето со финансиски проблеми поради коронавирусот.