Речиси 100 светски лидери и министри денеска треба да говорат на специјалното заседание на Генералното собрание на ОН.

Седницата, која почнува денеска, ќе биде посветена на одговорот на ковид-19 и најдобар план за закрепнување од пандемијата.

Претседателот на Генералното собрание на ОН, Волкан Бозкир, рече дека собирот ќе пружи историска шанса за земјите да се соберат и да го победат вирусот.

– Со веста за повеќе вакцини што се одобруваат и со илјадници милијарди долари во глобални напори за закрепнување, меѓународната заедница има единствена шанса да го стори тоа правилно. Светот гледа на ООН за лидерство, ова е тест за мултилатерализам – рече тој.

На дводневната специјална сесија посветена на пандемијата која досега однесе 1,5 милиони животи и ги наруши економиите на богатите и сиромашните земји, нема да се соберат пари за финансирање на вакцинацијата или за преземање какво било политичко дејствие или конечна декларација, само Бозкир ќе издаде документ со резиме од собирот.