анцеларијата за човекови права во ОН ги повика владите во Мексико и Централна Америка да размислат за прекин на депортацијата за време на пандемијата на коронавирусот.

Високиот комесар на ОН за човекови права исто така изрази благодарност поради илјада мигранти кои се заглавени откако државите ги затоврија границите или локалното население одбило да ги пушти внатре.

Канцеларијата соопштила дека околу 2.500 мигранти се заглавени во Панама, откако Костарика ги затвори границите, а мигранти исто така има и на границата меѓу Хондурас и Салвадор.

Мексиканските власти ги однеле мигрантите од Централна Америка до гватемалската граница и таму ги оставиле, иако властите од таа земја не ги пуштаат внатре или им дозволуваат само да патуваат преку Гватемала за да стигнат до своите домови.

Во соопштението на канцеларијата се наведува дека мигрантите често остануваат во импровизирани кампови, на улиците или во засолништа кои не секогаш ги применуваат здравствените протоколи за да ги заштитат од зараза.