Поддршката за сиромашните земји во борбата против коронавирусот досега беше во голема мера несоодветна, изјави претставникот на ОН за хуманитарни работи, Марк Лукок. Тој ги повика богатите земји да донираат повеќе.

Обединетите нации го зголемија својот хуманитарен апел за уште една третина, на 10,3 милијарди американски долари помош за 63 земји, претежно во Африка и Латинска Америка, за спречување на ширењето на коронавирусот.

– ОН во март побараа две милијарди американски долари и потоа во мај 6,7 милијарди американски долари, а досега добија само 1,7 милијарди долари – рече Лукок.