Од 209 мигранти, кои на отворено море ги спасила германската невладина организација „Си вач“, кои потоа биле ставени во карантин на траект на пристаниште во Сицилија, 28 се позитивни за коронавирус, рече претседателот на регионот на Сицилија, Нело Мусумеци.

Мигрантите се наоѓаат на траектот „Моби Заза“ во пристаништето Порто Емпедокле на јужниот брег на Сицилија.

Тие биле тестирани вчера наутро, пренесоа италијанските медиуми.

Бродот „Си вач 3“ доби дозвола од италијанските власти да се закотви крај Сицилија во неделата, откако спасуваше мигранти во морето во близина на Либија во три операции за 48 часа.