Почнувајќи од утре сите патници кои сакаат да влезат во САД мора да имаат негативен тест за коронавирус или документација со која се потврдува дека оздравеле од ковид-19, објави американската амбасада во БиХ. Документацијата не смее да биде постара од три дена од датумот на поаѓање на летот за Соединетите Американски Држави.