Судскиот процес против израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, е одложено за два месеци, до мај, поради епидемијата на коронавирусот.

Израелското Министерство за правда соопшти дека судењето требало да почне на 17 март со читање на обвинението против Нетанјаху, но сега е одложено за 24 мај, пренесува Ројтерс.

Нетанјаху ги негираше обвинувањата за корупција.