Советот за безбедност на Обединетите нации синоќа ја одобри резолуцијата за фер и рамноправна распределба на вакцините против Ковид, предложена од Велика Британија, која претседава со Советот овој месец. Во согласност со правилата за време на пандемијата, гласањето се вршеше во пишан формат.

Документот апелира до членките на ООН подеднакво да дистрибуираат вакцини на сите земји во светот и повикува на прекин на огнот во конфликтните зони додека се спроведува вакцинацијата.