Фото: Игор Бансколиев

Според студија на универзитетот „Вандербилт“

Студија спроведена од американскиот универзитет во Вандербилт покажа дека носењето маски ја намалува стапката на смртност од коронавирусот најмалку двапати.

Во раната фаза на пандемијата, постоеше недостаток на истражување што ќе ја потврди придобивката од носење маски кај населението, во кои единствената разлика во примерокот ќе биде во тоа што дел од популацијата на земја со слична популација, култура и слични навики носи маски, а друг дел не.

Ваква студија конечно беше спроведена деновиве и објавена во вторникот од страна на научници од универзитетот „Вандербилт“. Откриле дека окрузите во државата Тенеси, кои не вовеле задолжително носење маски, забележале најмалку двојно повисоки стапки на смртност од оние кои ја наложиле оваа мерка.

Во моментот, во области без обврска да носат маски, секоја недела се бележат повеќе од четири смртни случаи на 100.000 луѓе, додека во областите што го усвоија ова правило во текот на летото, стапката на смртност е околу две лица неделно.

Во областите кои рано прифатија задолжително носење маски дури и пред самиот врв на епидемијата, стапката на смртност е поблиску до една личност неделно за секои 100.000 луѓе.

На пример, Нешвил, кој ја воведе обврската на крајот на јуни, од март досега забележа 53 смртни случаи на 100.000 луѓе.

Од друга страна, округот Клеј, кој нема обврска да носи маски, забележа 223 смртни случаи на 100.000 луѓе од почетокот на пандемијата, што е најлоша стапка на смртност во таа сојузна држава.