Епидемијата на коронавирусот во Норвешка засега е под контрола, објави министерката за здравство. Норвежаните успеаја да ја намалат стапката на трансмисија на вирусот од 2,5 на 0,7 што значи дека лице заразено со коронавирус сега во просек заразува 0,7 други лица.

Целта на владата е да го намали тој број на максимално еден човек. Норвешката влада во среда ќе донесе одлука за тоа дали ќе ги продолжи рестрикциите, вклучително и за затворените училишта.