Норвешка треба да ги исклучи вакцините против ковид-19 од производителите „Астра зенека“ и „Џонсон и Џонсон“ од својата програма за вакцинирање поради ризик од штетни несакани ефекти, објави владина комисија. Оние кои сакаат доброволно да примат една од двете вакцини, треба да имаат можност да го сторат тоа, додава Комисијата.

Властите ја прекинаа вакцинацијата со „Астра зенека“ на 11 март откако мал број помлади вакцинирани лица беа хоспитализирани поради комбинација на згрутчување на крвта, крварење и мал број на тромбоцити, од кои некои подоцна починаа.

Норвешкиот институт за јавно здравје на 15 април рече дека вакцинацијата со „Астра зенека“ треба целосно да се прекине, но владата наместо тоа повика на понатамошно испитување, вклучително и вакцините на „Џонсон и Џонсон“, кои допрва треба да се користат.

– Владата ќе го искористи ова како основа за одлука, со препораки од Институтот за јавно здравје дали да ги користи овие вакцини – рече министерот за здравство Бент Хои на прес-конференција.