Високи здравствени службеници од Нов Зеланд објавија дека го испитуваат првиот потенцијален случај на локално пренесување на коронавирусот по неколку месеци, а станува збор за 56-годишна жена која дошла од странство.

По враќањето во Нов Зеланд, таа била позитивна на тестот на 30 декември, неколку дена по завршувањето на задолжителниот карантин на границата, каде што тестот покажал дека е двапати негативна, објави „Ројтерс“.

– Работиме на претпоставка дека ова е позитивен случај и дека станува збор за многу заразен вид, не знаеме дали станува збор за варијантата од Јужна Африка или Британија, потенцијално и од Бразил или некоја друга држава – изјави министерот за здравство, Ешли Блумфилд.

Не е познато како жената се заразила, додаде Блумфилд, но бидејќи била позитивна на тестот неколку дена по напуштањето на карантинот, властите веруваат дека можеби имало локален пренос.