Во последните 24 часа починале 563 лица во Велика Британија, со што бројот на починати во земјата сега изнесува 2.352 лица, соопшти владата.

Според владините бројки, во Велика Британија се потврдени вкупно 29.474 случаи на зараза со коронавирус, што е значително зголемување од 25.150 претходниот ден.