Мерките што ги воведе Грција против коронавирусот предизвикаа масовно враќање на туристите од Миконос.

На островот е воведен 5-часовен полициски час, а во рестораните и баровите забранета е музика.

Властите соопштија дека биле принудени да воведат еднонеделен полициски час и забрана за музика по загрижувачката локална епидемија.

Ограничувањата ќе важат до 26 јули.

Миконос е една од најпопуларните дестинации привлекувајќи повеќе од милион посетители секое лето, меѓу нив холивудски sвезди, модели и светски познати спортисти.