Експертите во детска болница во Трст, откриле нова мутација на ковид-19 кај две заразени девојчиња, пренесуваат италијанските медиуми.

Студијата спроведена во соработка со Универзитетот во Милано потврди дека станува збор за многу заразен, агресивен мутант.

Според објавените резултати од истражувањето, мутираната варијанта на вирусот предизвикала повторна инфекција кај неколку возрасни лица кои веќе биле заразени.

– Најзагрижувачка можност е дека мутациите во вирусот можат да го намалат имунитетот создаден кај луѓе кои биле заразени, како и да ја откажат или намалат отпорноста на коронавирусот стекнат со вакцинација – вели професорката Манола Комар, микробиолог од Универзитетот во Трст, која ја водеше студијата.