Јапонското Министерство за здравство денеска ги потврди првите случаи на новиот вид на коронавирус, кој неодамна беше откриен во Велика Британија.

Соопштено е дека станува збор за пет лица кои пристигнале во Јапонија помеѓу 18 и 21 декември, пред во земјата да бидат засилени граничните контроли за патниците од Велика Британија.

Маж на возраст од 60 години чувствувал малаксаност, а другите биле без симптоми, пренесе АП.

Сите пет лица билe испратени во карантин директно од аеродромот, а тестовите потврдиле дека се заразени со новиот вид на вирусот.