Не попушта епидемијата во Велика Британија дека во изминативе 24 часа се регистрирани нови 5.386 заразени лица од коронавирус, што е за 803 повеќе од четвртокот, а во болниците починале 768 лица – 130 повеќе од претходниот ден.

Од почетокот на епидемијата, заразени се 143.464 лица, со што Велика Британија е на шесто место во светот, а починаа 19.506 лица загинати, со што Велика Британија е петта земја по бројот на жртви.

Британските власти сè уште не пријавиле колку луѓе починале надвор од болниците или колку закрепнале. Денес е објавено дека се извршени 28.535 тестови во последните 24 часа, но Велика Британија сè уште има далеку помалку тестови на милион луѓе од повеќето западни земји.Тоа е скоро три пати помалку во однос на Италија, два и пол пати помалку во Германија, а два пати помалку во Шпанија.