Португалија го враќа полицискиот час

Ноќен полициски час ќе биде воведен во неколку португалски општини, вклучувајќи го главниот град Лисабон и градот Порто, додека властите се обидуваат да го стават под контрола зголемениот број на заболени со коронавирус.

Полициски час од 23 часот навечер до 5 часот наутро од денеска повторно е воведен во 45 општини со висок ризик, вклучително и туристичкото место Албуфеира во сончевиот јужен регион Алгарве.

Вчера во Португалија беа потврдени 2.449 нови случаи, што е најголем пораст од средината на февруари. Бројот на смртни случаи од коронавирус останува далеку под нивото од февруари.

– Немаме околности да тврдиме дека пандемијата е под контрола – рече министерката Маријана Виеира да Силва.

Нови случаи се пријавуваат претежно кај невакцинирани помлади лица.