Европската комисија стопира испорака на цел контингент набавен за помош на земјите членки во борбата со коронавирусот.

Тоа е направено откако властите во Полска и Холандија пријавиле дека од Брисел им се испорачани заштитни медицински маски кои не се во склад со европските стандарди за квалитет.

ЕК минатата недела најави дека во 17 членки и во Велика Британија ја испорачала првата тура од 1,5 милиони заштитни маски.

Од Брисел навеле дека маските се набавени од Кина.

ЕК наведе дека квалитетот на маските кои ЕУ ги набавува за здравствениот сектор се од пресудно значење и наведува дека ќе почека информации и од останатите земји кои ја добиле првата тура маски пред да донесат одлука за понатамошните чекори и можните законски процедури за да се надомести штетата.