Повеќе од 100 академици, парламентарци и јавни личности од Европа и од Австралија потпишаа отворено писмо во кое ја критикуваат улогата на кинеската влада во глобалната пандемија, велејќи дека сегашната криза што влијае на светот „е предизвикана од режимот кој  многумина од вас го толерираа и поддржува со децении”, пишува „Гардијан“.

Кина се соочи со континуирано непријателство и скептицизам во врска со нејзината реакција на ширењето на вирусот, особено поради нејзиното потиснување на информациите на почетокот на појавата и казната на здравствените работници кои се обидоа да ги предупредат колегите за новиот вирус во декември.

Веќе напнатите односи меѓу САД и Кина се влошија, бидејќи секоја влада се обидуваше да ја обвини другата за избувнувањето – вклучувајќи ги и неоснованите наводи за намерно создавање на вирусот. Пандемијата исто така поттикна непријателства со Тајван, кој е изоставено од одговорот на Светската здравствена организација и со африканските држави чии граѓани наводно биле предмет на дискриминација во Гуангзхоу.

„Никогаш не треба да заборавиме дека кинескиот „Чернобил момент“ бил акт на самоповредување“, се вели во писмото, објавено денес во „Хонгконг фри прес“.

– Глобалната пандемија нè принудува сите нас да се соочиме со незгодна вистина. Со политизирање на сите аспекти на животот, вклучувајќи го и здравјето на луѓето, континуираната автократска еднопартиска власт во Народна Република Кина ги загрози сите. Наместо да им веруваме на намерите на Комунистичката Партија на Кина (КПК) и да прифатиме некритичко одобрување на академските членови на политиките на еднопартиската држава, треба да посветиме поголемо внимание на гласовите на она што може да се наречат „неслужбена“ Кина. Овие „неслужбени“ независни академици, доктори, претприемачи, граѓански активисти ,новинари, правници и млади студенти веќе не го прифаќаат владеењето што е од јавен интерес на КПК од страв. Ниту пак треба – се наведува во писмото.