Владите низ целиот свет се обидуваат да го решат проблемот со фрагментирано производство на вакцини, и многу земји се обидуваат да организираат домашно производство и ова почнува да влијае и на глобалната фармацевтска индустрија.

Европската Унија се соочи со голем број тешкотии поради кои земјите-членки беа лишени од домашно произведени лековиа.

Премиерот на Саксонија-Анхалт, Рајнер Хаселоф, се надева дека Германија може да изгради резервни капацитети што ќе и овозможат да го менува производството на вакцини. Тој ја истакна важната улога на владата, правејќи споредба со одржување на капацитетот на енергетските компании за периоди со голема побарувачка.

– На крајот на краиштата, може да се спореди со енергетската индустрија, каде што државата плаќа и на електрани за резервен капацитет – објасни Хаселоф за „Ројтерс“.

САД се меѓу ретките земји чија влада може да прибегне кон реквизиција во кризна ситуација за да обезбеди производство на неопходни добра. Веќе во раните фази на пандемијата, Вашингтон започна со финансирање на проширување и прилагодување на фабриките за производство на лекови.

Повикувајќи се на Законот за производство во војна, Вашингтон им обезбеди на компаниите за вакцини суровини набавени од други компании, а војската ја надгледуваше изградбата на некои објекти. Недостигот на експерти за надзор на градежните работи го реши Министерството за одбрана.

Од друга страна, Германија сака да го реши проблемот со недостиг на вакцини преку поддршка на домашните фармацевтски компании.

Некои, вклучително и Австралија, Бразил, Јапонија и Тајланд, формираат партнерско производство со шведскиот производител на лекови „Астра зенека“.

Италија, на пример, вети државна поддршка за јавно-приватен центар за производство на вакцини, додека Австрија, Данска и Израел планираат заеднички фонд за истражување и развој и ќе размислат за производство на свои вакцини од следната генерација.


ЕУ: Руската вакцина официјално непожелна, но неопходна?

Европската Унија официјално ја отфрли вакцината „спутник В“ и ја прогласи за непожелна, но зад очите на јавноста, официјален Брисел се свртува кон руската вакцина затоа што мора да имунизира 450 милиони граѓани на ЕУ и да го врати животот во нормала, дознава „Ројтерс“ од дипломатските кругови во Брисел.

Официјален претставник на ЕУ вклучен во преговори за набавка на вакцини со фармацевтски компании изјави дека земјите членки на ЕУ размислуваат да започнат преговори со производителите на „спутник В“ врз основа на барање од четири земји членки да започнат процес на преговори.

Станува збор за Унгарија и Словачка, кои веќе набавиле руски вакцини, Чешка, која изрази интерес, а европските власти потврдија дека Италија планира да започне со производство на „спутник“ во својот најголем биореактор во фабриката Реи Тера во близина на Рим.

Европската агенција за лекови досега одобри употреба на вакцини од четири производители, но имунизацијата во ЕУ се одвива бавно, како резултат на недостатоците во производствениот процес.

Доколку „спутник В“ биде одобрен во ЕУ, тоа ќе биде голема дипломатска победа за Русија, која веќе една година е погодена од трговски санкции од Брисел поради анексијата на Крим и поддршката на проруските сепаратисти во источна Украина, наведува „Ројтерс“.