Француската влада летово стравуваше од голем отпор меѓу населението откако  францускиот претседател Емануел Макрон донесе одлука за задолжително носење на потврда за вакцинација. Сега, откако 50 милиони луѓе примија барем една доза од вакцините против ковид-19, властите можат да здивнат, пренесува „Политико“.

– Задоволни сме, иако знаеме дека резултатите кои ги постигнавме не се задоволителни. Макрон зеде голем ризик со ковид-пасошите – и победи. Французите му ја дадоа довербата, а протестите остануваат маргинални – изјави еден владин советник.

Потврдата за ковид-имунитет – сертификат што содржи доказ за вакцинација или имунитет стекнат од прележување на болеста, е потребен за влез во сите кафе-барови, ресторани, болници, музеи, галерии, како и јавниот превоз и авионите. Вчера мерката за приложување на сертификат беше проширена и за вработените на сите места што се отворени за јавноста.

На почетокот, многумина не беа среќни со ваквата мерка. Секоја недела, Французите протестираа во Париз и другите големи градови. Причините за изразување на незадоволство беа разновидни. Некои протестираа бидејќи се антиваксери, други бидејќи веруваат во слободата на избор, додека некои едноставно протестираа бидејќи не го сакаат Макрон.

Но, бројот на демонстранти значително опаѓаше. Во средината на август протестираа 250.000 луѓе, минатата недела бројката спадна на 175.000, додека викендов на улиците излегоа 160.000 луѓе. Овие  со протестите на „жолтите елеци“ е од 2018 и 2019 година.

Во меѓувреме, милиони Французи се упатија кон пунктовите за вакцинација. Откако Макрон ја објави потребата од задолжително носење на сертификати, беа вакцинирани околу 12 милиони лица. Се проценува дека дневниот број на случаи спаднал на помалку од 14.000 поради задолжителниот сертификат, откако достигнатиот максимум во средината на месецов изнесуваше 24.000 лица.

– Одлуката спаси десетици илјади животи. Французите не сакаа да се вакцинираат, но Макрон создаде порака што беше слушната. Тоа можеби беше најдобриот момент од неговото справување со кризата – изјави консултантот за јавно здравје Мартан Блашје, консултант.

Благодарение на задолжителните сертификати, голем број заболени лесно го прележаа вирусот и поминаа со полесни симптоми и последици од болеста. Иако Макрон презеде ризичен чекор, на крајот одлуката се исплатеше за Франција, заклучува „Политико“.