Аеродромот во Дубаи е меѓу првите во светот што воведе кучиња кои можат да го намирисаат коронавирусот.

Здравствената администрација во Дубаи ќе им зема брис на одбрани патници, а откако ќе се земе брисот, кучињата ќе бидат сместени во просторија за изолација, каде што ќе душкаат повеќе примероци, пишува порталот onemileatatime.

Ако намирисаат траги од коронавирусот, тие се обучени да седнат, овој портал објаснува точно како функционира процесот со овие специјално обучени кучиња.

Кучињата ги идентификуваат оние кои имаат коронавирус со 92 проценти точност, и во тој случај резултатите се достапни во рок од неколку минути, затоа што нема посебни лаборатории каде што мора да се испраќаат примероци.

Аеродромот сега бара сите патници кои минуваат низ аеродромот да бидат тестирани пред да патуваат, а оние што влегуваат во Дубаи од подрачја со висок ризик, исто така, ќе треба да бидат проверени по пристигнувањето.

Кучињата се само дополнителен слој на заштита и не го заменуваат тестирањето, и тоа е релативно брз тест што може да се изврши кај патниците.

Кучињата на овој аеродром сега душкаат брисеви земени од патниците за да утврдат дали во нивниот мирис има траги од коронавирус. Резултатите од тестот се враќаат за неколку минути и очигледно се 92 отсто точни, а точноста е добра кога сметате дека ова е само брз тест, но е далеку од конечен.

Иако Дубаи веќе има строги барања за тестирање, ова е дополнително ниво на заштита, но треба да се има предвид дека кучето погрешно ќе го сфати мирисот речиси секој десетти пат.