Во Њујорк во последните 24 часа починале уште 562 луѓе од коронавирус, а ова стана најсмртоносниот ден во оваа сојузна американска држава, каде вкупниот број на починати се искачи на 2.935, соопшти гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо.

Тој предупреди дека луѓе ќе умрат на краток рок поради недостиг на респиратори и болнички кревети, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Куомо побара средства од други делови на Соединетите Држави да бидат распоредени во Њујорк за да се помогне на земјата во растечката криза, за којашто додаде дека уште повеќе ќе се заострува во текот на следната недела.