Престолонаследникот на Абу Даби, Мохамед бин Зајед денеска изјави дека во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) месецов се регистрирани најмал број заразени со ковид-19 од летото минатата година, што значи дека е надмината кризата со коронавирусот.
– Сакам сите да Ве уверам дека нашите животи мора да се вратат во нормала – посочи бин Зајед.
Помалку од 200 нови случаи на ковид-19 се пријавени во седумте емирати на ОАЕ овој месец, што е најмала бројка од август минатата година. Иако животот во ОАЕ во голема мера се врати во нормала се уште во сила е носење маски и држење на социјална дистанца.
Во ОАЕ регистрирани се над 737,000 инфицирани лица со ковид-19 и 2.104 смртни случаи.