Во последните 24 часа, во Италија се потврдени 8.804 нови случаи на коронавирус, што е најголем дневен биланс од почетокот на епидемијата. Тоа е голем скок на бројот на новозаболени во споредба со вчера, кога имаше 7.332.

Од последниот пресек, пријавени се 83 смртни случаи, што е скоро двојно повеќе од претходниот ден, кога имаше 43, пренесува Ројтерс. Тоа е сепак далеку помалку од врвот на епидемијата во март и април кога дневно имаше во просек по 900 починати.

Италија беше првата европска земја која беше сериозно погодена од коронавирусот, а со 36.372 смртни случаи е на второ место во Европа по бројот на починати, по Велика Британија.