Во Израел денеска беше објавено дека се регистрирани повеќе од 6.000 случаи на инфекција со коронавирус во последните 24 часа, најмногу од почетокот на февруари.

Направени се повеќе од 130.000 тестови, а речиси пет проценти биле позитивни. Речиси 400 пациенти се во сериозна состојба, главно од март, и 64 на респиратор, два дена откако израелската влада ги заостри ограничувањата во обид да го спречи ширењето на делта-сојот во земјата.

Во меѓувреме, околу 577.000 луѓе ја примиле третата доза од вакцината, а 5,4 милиони од вкупните 9,3 милиони жители ја примиле втората доза, пренесуваат израелските медиуми. Во Израел, сепак, сè уште има околу милион граѓани на возраст од 12 години и постари кои не ја примиле првата доза.

Центрите за контрола и превенција на болести на САД го додадоа Израел на листата на земји со најголем ризик и ги советуваа своите граѓани да избегнуваат патувања таму. Исто така, беше предупредено дека поради моменталната ситуација во Израел, дури и целосно вакцинираните патници може да бидат изложени на ризик да се заразат и да го шират вирусот.