Научници од Флорида веруваат дека докажале дека коронавирусот мутирал и со тоа станал уште заразен, објави Си-ен-ен.

Тие посочија дека се потребни понатамошни истражувања за да се утврди дали мутацијата го променила текот на пандемијата, но се смета дека промените може да објаснат зошто вирусот толку широко се раширил во САД и Латинска Америка.

Станува збор за мутација којашто со недели ги загрижува научниците, пренесува Си-ен-ен. Научниците од Флорида, во труд којшто сè уште не е рецензиран, тврдат дека мутацијата се однесува на протеинско шило, структура од надворешната страна на вирусот што го олеснува влегувањето во клетките.

Ако овие заклучоци се потврдат, тоа ќе биде првпат некој да покаже дека промените на вирусот значително влијаат на пандемијата.

Светската здравствена организација (СЗО) оваа недела објави дека досегашните мутации на коронавирусот нема да ја загрозат ефикасноста на идните вакцини.СЗО минатата недела објави дека мутациите не го олеснуваат пренесувањето на вирусот, ниту пак го прават поопасен.

Тим од Институтот во Флорида покажа дека благодарение на мутацијата D614G, вирусот има многу повеќе шила и тие стануваат постабилни што го олеснува продирањето во човечките клетки.