Многумина научници мислат дека видот делта мутирал на ниво на сопствено уништување, откако овој сој магично исчезна од Јапонија. Јапонија беше на врвот на четвртиот бран во август со повеќе од 23.000 нови случаи на ден, а неодамна тие бројки се движат околу 170.

Многумина го припишуваат значителниот пад на високата стапка на вакцинација и јавното прифаќање за носење маски, но некои велат дека падот е самиот од себе, особено кога се споредува со другите земји во иста ситуација.

Истражувањата покажуваат дека повеќе луѓе во Азија го имаат ензимот „APOBEC3A“, кој ги напаѓа ПХК кај вирусите, вклучително и ковид-19, отколку во споредба со другите луѓе во Европа и Азија.

Тим генетичари од Националниот институт за генетика и Универзитетот во Нигата почнаа да истражуваат како „APOBEC3A“ влијае на коронавирусот и неговите активности.

Тимот направи анализа на соевите собрани во периодот од јули до октомври годинава. Се покажаа две работи: големата генетска разновидност на соевите како и фактот дека мутациите достигнале одредена точка на нивниот развој и застанале таму.

– Бевме шокирани од она што го откривме. Видот делта на коронавирусот во Јапонија е многу заразен, што пак го спречува развојот на други соеви. Но, како што почнаа да се акумулираат мутациите, веруваме дека има грешка во вирусот што тогаш веќе не можеше да прави свои копии. Бидејќи случаите на нови случаи не се зголемуваат, веруваме дека во еден момент од неговата мутација, вирусот се придвижи кон самоуништување – рече Итуро Инуе, генетичар во Националниот институт за генетика.

Иновативна теорија би можела да објасни зошто бројот на новозаразени луѓе во Јапонија е толку мал, додека другите земји бележат значителен пораст на нови случаи. Теоријата на Иноу, исто така, може да објасни што се случи со Сарсот во 2003 година, чиешто ширење престана самото од себе.

Познатиот научник истакнува дека во јапонската делта моментално доминираат соеви кои доаѓаат однадвор, но доколку успее да се уништи себеси, тоа би значело дека има простор за други, потенцијално поопасни соеви кои доаѓаат од други земји.