Во Мјанмар е нападнато возило на Светската здравствена организација во кое имало примероци за тестирање на коронавирус, при што загинал возачот, а тешко е повреден владин претставник.

СЗО потврди дека починал возачот од последици на повреди по нападот, што се случил во понеделникот во градот Минбиа, на северозапад од државата Ракине, пишува Си-ен-ен.

Понам Катрапал Синг, директорот на СЗО за југоисточна Азија осуди секаков вид на физичко, вербално или психолошко насилство над здравствените работници.

„Овој инцидент уште еднаш ги става во центар на внимание екстремните потешкотии со кои се соочуваат нашите лекари, медицински сестри и други здравствени работници во борбата против коронавирусот, особено кога работат во небезбедни и тешко достапни подрачја“ истакна Синг.

Главниот секретар на ОН, Антониот Гутереш остро го осуди нападот.