Бројот на хоспитализирани лица поради ковид-19 низ Њујорк е најмал во изминатите шест недели, затоа што сфативме како да го контролираме ѕeверот наречен коронавирус.

Ова го изјави денеска гувернерот на сојузната американска држава, Ендрју Куoмо, пренесува „Ројтерс“.

Според него, бројот на хоспитализирани во четвртокот опаднал на 8.196, што е најмал број на хоспитализирани уште од 27 март.

Според последните податоци, бројот на потврдени случаи на инфекција во Њујорк изнесува над 327.000, со 26.144 смртни случаи. На ниво на САД, со коронавирус се зарзаени над 1,3 милиони луѓе, а вкупниот број на починати изнесува 77.902.