Над една третина од луѓето кои живеат во седумте најразвиени земји во светот велат дека пандемијата на коронавирус веќе им наштетила на нивната заработка, покажуваат резултатите од спроведена анкета.

„Кантар“ – фирма за истражување на пазарот, тврди дека 37 проценти од луѓето рекле дека имаат пад на приходите, додека 8 проценти рекле дека останале без вкупниот приход.

Оваа информација укажува на огромен економски удар поради карантинот спроведен со цел забавување на ширењето на вирусот, од кој досега починаа повеќе од 130.000 луѓе ширум светот.

Во вторникот, Меѓународниот монетарен фонд соопшти дека очекува глобалната економија да се намали до 3 проценти во 2020 година поради пандемијата.

Во Италија, Канада и САД живат најголем дел од испитаниците кои изјавиле дека нивниот приход паднал или ќе падне заради коронавирусот, се наведува во заклучоците од анкетата.

Анкетата беше спроведена на примерок од 1.000 луѓе во секоја земја од Г7 од 9 до 13 април.