Повеќе од 30 милиони луѓе во Велика Британија досега примиле прва доза од вакцината против ковид-19.

Британскиот министер за здравство, Мет Хенкок напиша на Твитер дека тоа е „феноменално достигнување“, објави Би-Би-Си.

Според Англиската здравствена служба (ХСЕ), првата доза на вакцината била дадена на 25.651.406 лица во Англија. Во Шкотска, првата доза на вакцината ја примиле 2.385.709 лица, во Велс 1.387.583 и во Северна Ирска 726.589 лица.

Вкупниот број на луѓе кои ја примиле првата доза на вакцина во Велика Британија е 30.151.287.