Во Соединетите Американски Држави, земја која е најпогодена од панемијата на коронавирусот во светот, според веб-страницата „Worldometer“, биле заразени 10.059.782 лица, а починале 242.239 лица.

Бројот на заразени продолжува рапидно да расте додека се чека исходот на претседателските избори во Америка, па вчера беа регистрирани повеќе од 132 илјади нови случаи.

– Вирусот не се грижи дали гласавме за Трамп или Бајден. Доаѓа за сите нас – рече гувернерот на Охајо, Мајк Девајн.