Во Австрија, во последните 24 часа има драстично зголемување на бројот на новозаразени со коронавирус, дури 133.

Најголем број случаи, 46, се регистрирани во Виена, потоа следуваат Горна Австрија со 30, Долна Австрија со 25 и Штаерска со 20 нови случаи.

Во Долна Австрија појавата на жариште во една кланица предизвика скок на бројот на новозаразени.

Само во провинцијата Форарлберг нема ниту едно новозаразено лице.

Во моментов, според Министерството, има 1.175 активни заболени во Австрија.

Од тој број, 96 се хоспитализирани, 13 повеќе од вчера, а 10 се на интензивна нега.

Забележан е еден смртен случај, така што бројот на починати се зголемил на 710.

Во последните 24 часа беа извршени 7.512 тестирања.

Од почетокот на епидемијата во Австрија, 19.077 луѓе се позитивно тестирани на коронавирус, а 17.175 се излечиле.