Мутираниот вид на коронавирусот, кој за првпат беше откриен во Велика Британија, е пронајден и во Австрија, објави денеска австрискиот министер за здравство, Рудолф Аншобер.

„Со новиот вид на вирусот заразени се четири лица во главниот град Виена“, рече Аншобер.

Сите четири лица биле доброволно тестирани на аеродромот во австриската престолнина.

Меѓу заразените е и 12-годишно девојче кое пристигнало во Австрија на 18 декември, додаде министерот. Сите заразени лица засега имаат само благи симптоми и во моментов се во самоизолација.

Друг заразен е 30-годишен Австриец, кој во земјата дошол на 6 декември од Јужна Африка.

Новата мутација, за која се смета дека е многу позаразна од претходните соеви, првично беше откриена во Велика Британија и сега се шири во европските земји.

Според досегашните сознанија, коронавирусот е помалку подложен на мутации отколку вирусот на грип.