Улиците во градот Гвајакил, Еквадор, се пусти, можат да се видат малку луѓе, а на улиците можеле да се забележат и тела на мртви луѓе, според Си-ен-ен.

Пандемијата од коронавирусот ги преоптоварила јавните служби, болниците немаат кревети да ги прифатат пациентите, а мртовечниците, погребалната служба и гробиштата се пребукирани. Жителите велат дека немаат друг избор, освен членовите на своите фамилии, кои починале, да ги остават на улиците.

Нејасно е колку луѓе во Еквадор починале од ковид-19, пишуваат странските медиуми.
Многу семејства кажуваат дека нивните најблиски имале симптоми на вирус, додека другите само знаат дека болните не можеле да се лечат во преполната болница во Гвајакил.