Градските власти во Москва објавија дека почнале испитувања на руската вакцина „спутник В“ врз деца на возраст од 12 до 17 години.

Заменик-градоначалничката Анастасија Ракова рече дека биле регрутирани 100 доброволци, кои претходно не биле заразени ос коронавирусот и немаат здравствени проблеми што би ја попречиле вакцинацијата, пишуваат агенциите.

Ракова рече дека младите волонтери ќе добијат помала доза од вакцината од онаа што обично им се дава на возрасните.

Русија се соочува со нагло зголемување на бројот на заразени лица.

Од минатата недела 23 милиони луѓе или нешто повеќе од 15 проценти од 146 милиони жители примиле едина доза вакцина против коронавирусот.

Денеска, државната здравствена организација објави 24.353 новозаразени и 645 починати лица како резулатат на коронавирусот.